УНХЦР: За 48 часа над 50 илјади украински бегалци ја напуштија земјата

Од:

Повеќе од 50.000 украински бегалци ја напуштија земјата за помалку од 48 часа, изјави високиот комесар за бегалци при ОН, Филипо Гранди, додавајќи дека повеќето отишле во Полска и Молдавија, пренесува Си-Ен-Ен.

„Повеќе од 50.000 украински бегалци ја напуштија земјата за помалку од 48 часа, повеќето од нив во Полска и Молдавија, а многумина се движат кон границите. Од срце им благодарам на владите и народите на земјите кои ги отворија границите и ги пречекуваат бегалците“, напиша Гранди на Твитер.

Агенцијата на ОН за бегалци претходно процени дека десетици илјади луѓе ќе бидат раселени поради рускиот напад на Украина. Агенцијата на ОН информира дека ќе ги зајакне операциите и капацитетите во Украина и соседните земји.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина