УНХЦР: Во првата половина од годинава регистрирани над 330.000 бегалци

Од:

Околу 330.700 лица побегнале од војните во Сирија и Ирак и другите големи конфликти во првата половина од 2014 година, барајќи засолниште на побезбедни места, соопшти Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР).

Според канцеларијата на УНХЦР, се очекува вкупниот број на бегалци оваа година да достигне 700.000 луѓе, на што укажуваат податоците добиени од 44 индустриски развиени земји.

Тоа би бил најголемиот бегалски бран во последните 20 години, кој е забележан од владите во Европа, Северна Америка и делови од азиско-тихоокеанскиот регион. Слично ниво не е достигнато уште од периодот на војните во поранешна Југославија во 90-тите години од минатиот век, наведува УНХЦР.

Најголем број бегалци доаѓаат од Сирија, Ирак, Авганистан и Еритреја. Над две третини од нив се прифатени од шест земји: Германија, САД, Франција, Шведска, Турција и Италија.

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад