УНХЦР: Судирите во Сирија и Ирак доведоа до егзодус на 13,6 милиони лица

Од:

Речиси 13,6 милиони лица се протерани или биле принудени да ги напуштат своите домови поради судирите во Сирија и Ирак, соопшти директорот на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) за Блискиот Исток и Северна Африка, Амин Авад.

Авад нагласи дека голем број од овие бегалци немаат засолниште во пресрет на зимата, а меѓународната заедница се оглушува пред нивните потреби.

– Сега кога зборуваме за милион раселени за само два месеци, светот едноставно останува нем, рече Авад на прес-конференција во Женева.

Според него, најголемиот број од бегалците од Сирија се сместени во Либан, Јордан, Ирак и Турција.

– Другите земји во светот, посебно европските, би требало да ги отворат своите граници (за бегалците) и да го споделат овој товар, порача Авад.

Тој нагласи дека на УНХЦР му недостигаат околу 58,5 милиони долари за згрижување на најмалку 990.000 бегалци во пресрет на зимата. 

Би можело да ве интересира

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад