УНХЦР: Седумнаесет земји изразија согласност да примат бегалци од Сирија

Од:

Седумнаесет држави, вклучително САД, Франција и Австралија, изразија согласност да примат бегалци од Сирија, соопшти денеска агенцијата за бегалци на Обединетите нации.

– Засега имаме 17 земји кои ќе учествуваат во нашата програма во Сирија, изјави регионалниот претставник на УНХЦР Петер Кеслер.

Најмалку два милиони Сиријци се регистрирани како бегалци, а милиони се интерно раселени.

Засега сириските соседни земји Либан, Турција, Јордан и Ирак, обезбедија засолниште за најголем дел од бегалците. Особен проблем претставува Либан, каде официјално има 760.000 сириски бегалци, додека нивниот вистински број може да изнесува и еден милиони, што е значителен број за земја со вкупно четири милиони жители.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети