Унгарски пратеник во Европскиот Парламент обвинет за шпионажа

Од:

Унгарското обвинителство соопшти дека унгарскиот пратеник во Европскиот парламент, Бела Ковач е обвинет за шпионирање.

Тие не прецизираа за која држава Ковач шпионирал, но унгарската контраразузнавачка служба била запознаета со неговите блиски контакти со руски дипломати и редовни посети на Москва.

Бела Ковач е пратеник на екстремно десничарската партија Јобик, а според обвинението се наведува дека тој вршел шпионски активности во име на други држави и тајни служби.

Тој е обвинет и за проневера на 21.076 евра поради фиктивно вработување практикатни во Европскиот парламент во периодот 2012-2013 година.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Будимпешта не сака огромно количество оружје во своето соседство

Орбан: Унгарија од самиот почеток беше на страната на мирот

Унгарија е против нова испорака на оружје за Украина

Сијарто: Новите санкции на ЕУ против Русија носат отстапки за Унгарија

Орбан: Торнадото на Трамп го промени светот, десницата е иднината

Орбан: Будимпешта нема проблем со „филозофијата на санкции“ кон Русија