Унгарија поради поскапувањата зимава затвора стадиони, библиотеки, театри, базени

Од:

Драстичниот пораст на цените на енергијата ја принуди Унгарија да ги затвори библиотеките, театрите, базените и нејзините нови стадиони во текот на зимата, пренесува АФП. Новите стадиони, симболи на моќта на десничарскиот премиер Виктор Орбан, кој е на власт 12 години, се последните во долгата листа на згради кои повеќе не можат да се носат со поскапувањето на енергијата.

Секешфехервар, еден од најбогатите градови во Унгарија и управуван од членови на партијата на Орбан, е еден од многуте што ги затворија своите музеи, библиотеки и театри за зимата. Градоначалникот Андраш Чер-Палковиќ најави дека новиот стадион, кој може да прими 14.000 гледачи, ќе биде затворен овој месец поради заштеда на трошоци.

„Јавните простори се она што го прави градот. Никој не е среќен поради овие мерки, но луѓето прифаќаат дека тие се неопходни“, изјави за АФП Чер-Палковиќ, член на владејачката партија на Орбан Фидес.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Будимпешта не сака огромно количество оружје во своето соседство

Орбан: Унгарија од самиот почеток беше на страната на мирот

Унгарија е против нова испорака на оружје за Украина

Сијарто: Новите санкции на ЕУ против Русија носат отстапки за Унгарија

Орбан: Торнадото на Трамп го промени светот, десницата е иднината

Орбан: Будимпешта нема проблем со „филозофијата на санкции“ кон Русија