Унгарија поништи делови од КЗ кои забрануваат користење нацистички и комунистички симболи

Од:

Уставниот суд на Унгарија поништи делови од Кривичниот законик кои забрануваат користење на нацистички и комунистички симболи, објави унгарскиот весник „Маџар Немзет“.

Судиите тврдат дека прогласените за неуставни делови биле премногу општи и содржеле нејасни одредби, кои санкционирале користење на нацистички и комунистички симболи без да се земе во предвид целта, начинот или резултатот од таа акција.

Поништените одредби од Кривичниот законик предвидуваа казни за лицата кои на јавни места носат нацистички симболи како свастика, симболот на унгарските нацисти скрстени стрели или комунистички симболи како срп и чекан или црвена петокрака. Сепак се дозволуваше користење на овие симболи за научни, образовни, уметнички и историски цели, наведува весникот.

Одлуката на судот стапува во сила од 30 април. Дотогаш унгарските пратеници имаат можност да изработат нов закон со попрецизни ограничувања.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Новите санкции на ЕУ против Русија носат отстапки за Унгарија

Орбан: Торнадото на Трамп го промени светот, десницата е иднината

Орбан: Будимпешта нема проблем со „филозофијата на санкции“ кон Русија

Унгарија попушти, ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија

Горан Наумовски

Унгарија: Најмалку 20 училишта евакуирани по закани за поставени бомби

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија