Унгарија одбива да прифати мигранти на својата територија

Од:

Унгарија нема да го спроведе договорениот механизам за солидарност во рамките на Европската Унија и нема да прифати „никакви мигранти“, изјави во висок владин претставник, објавија унгарските медиуми.

Гергели Гуљас, шефот на кабинетот на унгарскиот премиер, ги даде овие забелешки на прес-конференција во Будимпешта, повторувајќи го долгогодишното противење на десничарската влада на миграциската политика на Европската Унија.

Министрите за внатрешни работи и правда на ЕУ постигнаа договор во понеделник за таканаречен механизам за солидарност што би вклучувал систем за распределба на мигранти меѓу земјите-членки на ЕУ. Планот предвидува земјите што не сакаат да примаат бегалци, наместо тоа, да обезбедат финансиски придонеси или материјална поддршка. Пактот треба да стапи на сила во јуни 2026 година.

„Ние нема да го спроведеме пактот за миграција“, рече Гуљас, додавајќи дека ЕУ „нема овластување да одлучува со кого треба да живеат Унгарците“.

Тој потсети на референдумот од 2016 година на кој гласачите го отфрлија она што владата го опиша како присилна распределба на мигранти од страна на ЕУ. Но, излезноста беше под 50 проценти потребни за резултатот од референдумот да биде валиден.

Референдумот се одржа една година по врвот на бегалската криза во 2015 година, за време на кој Унгарија постави бодликава жица по должината на границите со Србија и Хрватска за да ја блокира миграцијата преку балканската рута. Унгарскиот премиер Виктор Орбан со години е во конфликт со Европската комисија поради неговата рестриктивна политика за азил.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Унгарскиот премиер Петер Маѓар испрскан со вино

А1он

Орбан предупреди: На Унгарија ѝ се заканува враќање во должничко ропство

Мaѓар: Будимпешта не поддржува забрзан прием на ниту една земја во ЕУ

Унгарија и по Орбан сака да одржува конструктивни односи со Русија

Маѓар: Унгарија сака мир, затоа ѝ се потребни силни вооружени сили

Се преврте полски автобус во Унгарија: 12 мртви, возачот е уапсен

Катерина Ѓуровски