Унгарија негира дека ЕК блокирала проширување на АЕЦ Пакш

Од:

Унгарија негираше дека ЕК го блокирале договорот меѓу Будимпешта и Москва за проширување на унгарската нуклеарна централа во Пакш. Одговорот беше даден по напис објавен во Фајненшал тајмс.

АЕЦ Пакш обезбедува 40 отсто од потребите за електрична енергија во Унгарија.

Според британскиот весник кој се повикува на извор близок до преговорите, ЕК поддржала отказ на Европската заедница за атомска енергија да одобри намера од Русија и со тоа во пракса ја блокирала зделката за исградба на уште два реактора.

Унгарскиот државен секретар Андраш Гиро-Сас категорично негираше такви информации од весникот.

– Не е точно дека ЕУ блокирале изградба на Пакш-2, наведе тој.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Новите санкции на ЕУ против Русија носат отстапки за Унгарија

Орбан: Торнадото на Трамп го промени светот, десницата е иднината

Орбан: Будимпешта нема проблем со „филозофијата на санкции“ кон Русија

Унгарија попушти, ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија

Горан Наумовски

Унгарија: Најмалку 20 училишта евакуирани по закани за поставени бомби

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија