Унгарија ја одобри руската вакцина Спутник V

Од:

Унгарскиот национален центар за јавно здравје ја одобри употребата на руската вакцина против коронавирус „Спутник V“ во таа земја, објави унгарскиот министер за човечки ресурси, Миклош Каслер.

Како што наведе во објава на Фејсбук, Центарот ја завршил официјалната проценка на вакцината, пришто било заклучено дека ги исполнува стандардите за квалитет и може да се користи на луѓето.

Во Унгарија досега за користење се одобрени вакцините на компаниите Фајзер/ Бионтек, Модерна и АстраЗенека.

„Сега имаме четири вакцини за борба против коронавирусот“, напиша Каслер, пренесе „ТАСС“.

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, претходно објави дека земјата може да потпише и договор за набавка на кинеската вакцина против коронавирус.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Новите санкции на ЕУ против Русија носат отстапки за Унгарија

Орбан: Торнадото на Трамп го промени светот, десницата е иднината

Орбан: Будимпешта нема проблем со „филозофијата на санкции“ кон Русија

Унгарија попушти, ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија

Горан Наумовски

Унгарија: Најмалку 20 училишта евакуирани по закани за поставени бомби

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија