УНЕСКО предупредува на шверц со украински културни добра

Од:

Организацијата на ОН за образование, култура и наука (УНЕСКО) со седиште во Париз алармираше на ризикот од недозволена трговија со украински културни добра.

– Ги повикуваме професионалците и јавноста вклучена во трговијата со културни добра да го заштити културното наследство, нагласи Агенцијата на Твитер.

УНЕСКО претходно соопшти дека најмалку 53 културни објекти се оштетени во Украина од почетокот на руската инвазија на 24 февруари.

Меѓу нив има 29 верски објекти, 16 историски градби, четири музеи и четири споменици, соопшти агенцијата на ОН.

УНЕСКО додава дека податоците се добиени преку сателитски снимки и сведочења на луѓе од лице место.

Организацијата на ОН соопшти дека ова не е конечниот список на оштетени културни објекти во Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини

Европа има три недели да се договори за условите за капитулација на Украина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари