Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) синоќа ја почна својата 40. седница во Истанбул, град кој неодамна беше погоден од крвав терористички напад.
Според најавите, учесниците на собирот на УНЕСКО ќе дискутираат за тоа кои нови објекти да бидат вклучени на листата на светско култирно наследство.
УНЕСКО ќе заседава во градот, во кој речиси и нема туристи по новиот напад, кон крајот на јуни на аеродромот „Ататурк“, чии извршители се осомничени членови на Исламска држава, а во кој загинаа 47 лица.
Генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова изрази длабоко сочувство во име на Организација до турскиот народ.
– Одговорот на меѓународната заедница на активностите на екстремистите, кои ги насочуваат нападите против културата, ја манипулираат и го поттикнуваат стравот, треба да биде силен, додаде Бокова.
– Ние припаѓаме на едно исто семејство и токму тоа сакат да го уништат екстремистите, рече Бокова, посочувајќи ги не само загубите на човечки животи, туку и уништување на културни објекти во Палмира и Алепо во Сирија и Мосул во Ирак.
Таа нагласи дека светското културно наследство од тероризмот е нападнато „од Мали до Јемен“.
Комитетот за светското културни наследство на УНЕСКО на седницата во Истанбул ќе разгледа 29 барања за вклучување нови објекти на листата.