УНЕСКО избира нов генерален директор

Од:

Во Париз денеска почна сесијата на Извршниот совет на УНЕСКО на кој ќе бидат поднесени кандидатурите за генерален директор на Организацијата на ОН за образование, наука и култура.

Изборот на кандидати ќе почне на 9 октомври. Гласањето е тајно, а новоизбраниот директор треба да добие поддршка од 30 од вкупно 58 членки на Извршниот совет, а потоа да биде потврден од 195 земји-членки на Генералното собрание на УНЕСКО.

Сесијата на Извршниот совет на УНЕСКО треба да заврши на 18 октомври.

До сега официјално се поднесени девет кандидатури од претставници на Азербејџан, Виетнам, Гватемала, Египет, Ирак, Катар, Кина, Либан и Франција.

Избраниот кандидат ќе биде наследник на Бугарката Ирена Бокова, која на функцијата беше два мандата. Таа беше избрана за генерален директор во 2009 година, а реизбрана во 2013 година.

Би можело да ве интересира

Зголемен ризик за загадување, прекумерен риболов и урбанизација на Охридскиот регион и езерото

Охридското крајбрежје заробено од непознати изведувачи – Левица со барање за инспекциски надзор

Костадиновска-Стојчевска: Ги исполнуваме препораките на УНЕСКО и заеднички овозможуваме трајна заштита на Охридскиот регион

Мониторинг-мисијата на УНЕСКО на проценка во Охрид

ВИДЕО: Италијанското оперско пеење доби статус на културно наследство на УНЕСКО

Предраг Петровиќ

Ковачевски во УНЕСКО: Северна Македонија е мултикултурна реткост и придонесува во ефикасен мултилатерализам