Унапреден статусот на Палестинците во ОН

Од:

Генералното собрание на ОН изгласа вечерва со двотретинско мнозинство унапредување на палестинскиот статус од ентитет набљудувач во држава набљудувач не-членка.

За резолуцијата со која се унапредува палестинскиот статус во држава набљудувач не-членка, од 193 членки на ОН, 138 гласаа за, девет против, додека 41 биле воздржани, пренесуваат агенциите.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас ги повика Обединетите нации, да и дадат “потврда за раѓање” на палестинската држава, посочувајќи дека признавањето во светското тело е последна шанса за мир со Израел.

“Палестина доаѓа денес во Генералното собрание, бидејќи верува во мир и поради тоа што на нејзините луѓе, како што се покажа во последните денови им е очајно потребен”, изјави палестинскиот лидер, чиј говор беше поздравен со овации.

Обраќајќи се на Генералното собрание на ОН, Абас објасни дека сака да “внесе нов живот” во напорите да се постигне договор со Израел, на кој светот мора да му каже – “. Доста со агресија, населување и окупација.”

“Меѓународната заедница сега стои пред последната шанса за да се спаси дводржавното решение”, нагласи Абас во говорот кој траеше минути 22, во кој често алудираше на неодамнешната израелска воена операција во појасот Газа.

“Нема потреба за илјадници смртоносни напади и тони експлозиви светот да се потсети дека постои окупација која мора да се заврши”, изјави Абас, истакнувајќи дека Палестинците нема да прифатат ништо помалку од независна Палестина со источен Ерусалим како главен град.

Тој, сепак, додаде дека “Мораме да потсетиме овде уште еднаш дека прозорецот на можности се намалува и времето брзо истекува”.

Абас не ја спомна можноста Палестина да влезе во Меѓународниот кривичен суд, што е главната грижа на Израел, и најави дека неговата палестинска власт ќе се консултира со други земји и ќе дејствува одговорно по унапредувањето на статусот, пренесува АФП.

“Ќе дејствуваме одговорно и позитивно во нашите следни чекори и ќе работиме да ја зајакнеме соработката со земјите и народите на светот за праведен мир”, изјави Абас.

Би можело да ве интересира

Трамп се огласи откако Хамас не го исполни неговиот ултиматум: „Сега Израел нека одлучи што сака да прави“

Предраг Петровиќ

Израел ослободи Палестинци од затвор: Им ставија исти маици и напишаа една реченица

Предраг Петровиќ

Пентагон му се заканува на Египет дека ќе ја прекине помошта доколку не го прифати планот на Трамп за Газа

Предраг Петровиќ

Рубио: Кревок е прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас

Израел ослободи 183 палестински затвореници

Саудискиот принц му пишa на Трамп за Газа: Палестинците не се илегални имигранти, тоа е нивна земја