Умерен земјотрес регистриран во близина на Хавајските Острови

Од:

Земјотрес со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во близина на најголемиот Хавајски Остров, соопшти Геофизичкиот институт на САД.

Досега нема информации за евентуални жртви или за причинета материјална штета. Не е издадено ниту предупредување за опасност од цунами.

Портпаролот на гувернерот на Хаваи изјави дека земјотресот бил почувствуван на големиот Хавајски Остров и на вториот по големина Мауи.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во подрачјето Штип – Радовиш

Земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес во Србија, четврти потрес во последните 11 дена

Земјотрес во Србија

(ВИДЕО) Силен земјотрес ја погоди Јужна Кореја: Пријавени штети на згради

Серија земјотреси го погодија Крит за помалку од половина час