Умерен земјотрес регистриран на Тајван

Од:

Земјотрес со интензитет од 5,4 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди Тајван, соопшти Американскиот геолошки завод.

Епицентарот бил на 62 километри источно од градот Хуалијен, на длабочина од 20 километри.

Нема информации за евентуални човечки жртви и причинета материјална штета.

Истото подрачје на осми јуни беше погодено од земјотрес со интензитет од 5,9 степени по Рихтер, а на трети јуни имаше земјотрес од 6,2 степени при што двајца загинаа, а 21 човек беа повредени.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Лисабон

Силен земјотрес во Карипското Море северно од Хондурас

Во близина на Санторини денес се регистрирани три земјотреси

На Санторини е прогласена вонредна состојба