Умерен земјотрес го погоди Алжир

Од:

Четири лица се повредени денеска во земјотресот со интензитет од 5,5 степени според Рихтер, кој ја погоди северната алжирска крајбрежна област Беџаја.

Епицентарот на потресот се наоѓал во морето, на околу 20 километри оддалеченост од центарот на Беџаја, главниот град на истоимената покраина и пристаниште на Медитеранот, соопшти Истражувачкиот центар за астрономија, астрофизика и геофизика.

Во земјотресот биле оштетени неколкустари згради и канцеларии во Беџаја и блиското место Аокас. Потресот предизвика паника меѓу луѓето.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

Земјотрес ја погоди Бугарија

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Лисабон

Силен земјотрес во Карипското Море северно од Хондурас

Во близина на Санторини денес се регистрирани три земјотреси

На Санторини е прогласена вонредна состојба