Ултиматум од Москва за Навални: До утре да се врати во Русија или го чека затвор

Од:

Руските власти денеска му поставија ултиматум на опозицискиот лидер Алексеј Навални веднаш да се врати во земјата од Германија и утре изутрина да се пријави, поради тоа што му истекува изречената условна казна. Во спротивно, ако Навални влезе во Русија на подоцнежен датум, автоматски ќе биде уапсен и спроведен во затвор, соопшти руската управа за санкции.

Федералната служба за затвори (ФСИН) го обвини Навални за прекршување на правилата за привремено ослободување, затоа што не ја одлежал затворската казна изречена во 2014 година, а, исто така, е обвинет и за избегнување на соочување со руските инспектори за криминал.

Навални се наоѓа под условна казна, откако заедно со неговиот брат Олег беше осуден на три и пол години затвор за проневера на половина милион долари од две компании. Олег Навални ја одлежа казната и излезе од затвор во 2018 година, додека Алексеј доби преиначена пресуда во условна казна. Тој вели дека целиот процес е политички мотивиран и наместен за да го дискредитира и да го казни поради неговите критики кон претседателот Владимир Путин.

Навални, кој е главниот критичар на политиките на Путин, во август беше итно префрлен во Германија, откако претходно колабира во авион на пат од Томск за Москва.

Повеќе истраги спроведени во западни земји утврдија дека некој се обидел да го убие Навални со нервниот отров „Новичок“, за кој има докази дека претходно го користеле руските тајни служби. Москва вели дека нема докази оти опозиционерот е отруен и негира било каква вмешаност на државата во инцидентот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

Енергетски објекти во Русија денеска беа нападнати од Украина

Русија: Добро е што тимот на Трамп почна да зборува за реалноста на теренот во Украина

Русите имаат нов дрон, го нарекуваат „TРАМП“

Горан Наумовски