Улф Кристерсон: Aмериканското нуклеарно оружје на шведска територија е можно во случај на војна

Од:

Шведскиот премиер Улф Кристерсон не ја исклучи можноста за поставување нуклеарно оружје на Соединетите Американски Држави на шведска територија во случај на војна.

Во интервју за шведското радио „П1 Моргон“, Кристерсон одговори на прашање за Договорот за одбранбена соработка, за кој парламентот ќе гласа во јуни, а кој, меѓу другото, дава дозвола на САД да користи 17 воени бази на Шведската армија на нејзина територија, но во која не се споменува забраната за вклучување на нуклеарно оружје.

Шведската влада смета дека таквото исклучување не е неопходно бидејќи веќе постои парламентарна одлука со која се забранува нуклеарно оружје на шведска територија во мирнодопски услови, пишува шведскиот портал Експресен.

„Ако има војна на нашата територија во која е вовлечена Шведска, тогаш ситуацијата е сосема поинаква. Ако се случи најлошото, демократските земји во нашиот дел од светот, се разбира, мора да бидат способни да се одбранат од земјите кои би можеле да закани им се со нуклеарно оружје“, рече Кристерсон.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

Путин: Русија може да користи нуклеарно оружје доколку биде нападната од која било земја

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина