Украинското МНР бара меѓународна осуда на гранатирање во Луганск

Од:

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека селото Станица во Луганск било гранатирано со тешко оружје и ги повика другите земји да го осудат нападот.

Тој на Твитер објави дека при гранатирањето, кое е нарушување на Договорите од Минск, оштетена е цивилна инфраструктура.

Според дописникот на Индепендент во Москва, при гранатирањето на детска градинка во регионот на Донбас, повредени се три лица. Во инцидентот не се повредени деца.

Претходно денеска украинската војска соопшти дека „руските окупациски трупи“ утрово го гранатирале Луганск и при тоа погодиле детска градинка.

Организацијата за безбедност и соработка во Европа соопшти дека денеска во раните утрински часови забележала „неколку инциденти на гранатирање долж линијата на контакт во источна Украина“, објави Ројтерс, повикувајќи се на дипломатски извор, пренесува Хина.

Сепаратистите во регионот поддржан од Русија ја обвинија Украина дека отворила оган четири пати во последните 24 часа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск