Украинско Министерство за одбрана: Руските војници се обидуваат да го блокираат напредувањето на киевските сили долж границата

Од:

Руските војници се обидуваат да го запрат напредувањето на киевските сили долж украинско-руската граница во североисточниот регион Харков, соопшти денеска украинското Министерство за одбрана.

„Единиците на руската армија се прегрупираа и се обидуваат да спречат понатамошно напредување на нашите војници во правец на државната граница на Украина“, се вели во соопштението.

Се додава дека „Русија врши континуирани артилериски напади врз украинските единици со цел да предизвика човечки загуби и штета на оружје и воена опрема“, а московските трупи отвораат оган „по целата линија на конфликтот“ во источна Украина и се обидуваат да ја пробијат украинската одбрана.

„Руските сили продолжија со обидите да нападнат неколку градови во индустриското срце на Украина, Донбас, но без успех“, соопшти Генералштабот на украинската армија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русите: Ја презедовме контролата

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

ВИДЕО: Напад и пожар во скадиште за нафта на Крим

Катерина Ѓуровски

Русите ги запленија магацините за опрема на НАТО во Угледар

Предраг Петровиќ

Зеленски: На средбата во Рамштајн на 12 октомври ќе биде претставен планот за победа

Катерина Ѓуровски