Украинските сили тврдат дека оштетиja руски воени објекти на Крим

Од:

Украинските сили извршиja напади со беспилотни летала и оштетиja руски воени објекти на Крим, вклучувајќи го радарот „Валдај“, команден пункт и база за лансирање и складирање на беспилотни бродови, според командантот на Силите за беспилотни системи на вооружените сили на Украина, Роберт Бровди.

Како што објаснува украинската јавна служба Суспилна, радарот „Валдај“ е нов руски мобилен радарски систем развиен за откривање и неутрализирање на мали беспилотни летала, а ова е трет познат случај што украинските сили го оштетија во 2025 година.

Претходно, во февруари 2025 година, два вакви системи беа уништени од експлозија во воени објекти во Подмосква, а во октомври, еден „Валдеј“ беше уништен на аеродром во Крим.

Украинските воздушно-одбранбени сили соборија вкупно 30 руски беспилотни летала во текот на ноќта, објавија утрово воздухопловните сили на вооружените сили на Украина.

Во соопштението објавено на Телеграм се наведува дека Русија лансирала вкупно 48 беспилотни летала во Украина во текот на ноќта.

Би можело да ве интересира

Нови напади со беспилотни летала и ракети на Блискиот Исток

Горан Наумовски

Трамп „го стави на место“ Зеленски во емисија во живо: „Имаме најдобри дронови, не ни треба ничија помош“

Предраг Петровиќ

Руската одбрана собори 72 украински дронови

Катар е нова цел на масовен ирански напад со дронови

Со евтини дронови Иран ги осиромашува американските ракетни резерви

Единаесет луѓе се повредени во напад со беспилотно летало во Русија

А1он