Украинските сили го напаѓаат градот Нова Каковка, истрелаа 74 проектили

Од:

Руските медиуми објавија дека украинските сили го бомбардираат градот Нова Каковка во областа Херсон, каде што неодамна Украинците ја почнаа долгоочекуваната контраофанзива.

Шефот на руската администрација на Нова Каковка, Владимир Леонтијев изјави дека градот „повторно е под ракетен напад од вооружените сили на Украина“, и додаде: „Ова е осма воздушна тревога што е објавена денеска“.

– Во текот на ноќта истрелани се 74 проектили. Утрово продолжи гранатирањето. Погодени се патната инфраструктура и хидроцентралата. Повеќето проектили беа одбиени од нашата противвоздушна одбрана. Од ден на ден резултатите на нашата противвоздушна одбрана се подобри, наведе Леонтијев.

Во Нова Каковка има стратешки важна хидроцентрала и мост на реката Дњепар, што често е мета на украински воздушни напади и артилерија. Мостот во моментов е прилично оштетен и не може да се поминува преку него.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Ако Белорусија треба да избере, ќе застане на страната на Русија

Русија негира дека Келог бил исфрлен од преговорите на нивно барање

Русија: Продолжуваме со брз напредок во Курск

Руте повика на нормализација на односите со Русија

САД тајно ги заоструваат санкциите против Русија

Зеленски: Руските услови за прекин на огнот покажуваат дека сакаат војната да продолжи