Украинско киевскиот Патријарх Филарет негативно го оцени фактот дека папата Френсис на првата вечера не отишол со лимузина туку со автобус, заедно со кардиналите, истакнувајќи дека новиот поглавар на Римокатоличката црква е “лажно скромен.”
“Не ги фалам таквите постапки. Треба да бидеш скромен пред Бога, а не пред луѓето “, изјави Филарет за една украинска телевизиска станица.
Објаснувајќи го гестот на папата, украинскиот патријарх го цитираше Евангелието кое порачува, скромен треба да бидеш од внатре, а не од надвор.
Кога го прашале зошто сам се вози со “Мерцедес”, патријархот одговорил дека тоа му овозможува подобро да ги извршува своите должности.
“Кога би се возел со руски автомобил, не би можел да посетам толку многу епархии и парохии колку што посетувам”, изјави Филарет, додавајќи дека некогаш се возел со скромна советска “Волга”.
“Работодавачите ме прашаа зошто се возам со таков автомобил и ми поклонија “Мерцедес “, рече патријархот.
Филарет се вози автомобил од марката “мерцедес”, кој вреди од 200.000 евра, па можеби тоа е причината, зошто негативно го оцени гестот на папата, пишува весникот.