Украински официјални лица: Русите спроведоа масовни гранатирања во јужниот дел на Украина

Од:

Русите денеска спроведоа „масовни“ гранатирања во јужниот дел на Украина, целејќи кон поморско село близу Одеса и пристаништето Миколаев, соопштија украинските власти.

Руските напади се спроведуваат и покрај договорот постигнат со Москва минатата недела, за деблокирање на извозот на украинско жито, важно за светската прехранбена безбедност, преку три пристаништа во областа Одеса.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска објави видео на социјалните мрежи, каде може да се видат уништени куќи во Затока, популарно летувалиште на Црното Море близу Одеса.

„Утро е, вообичаеното село Затока. Луѓето се одмараа и живееја. Без бази, без војници. Руските терористи само сакаа да пукаат“, напиша Зеленски.

Јужната команда на украинската војска денеска соопшти за бројни ракетни напади во јужниот дел на Украина со употреба на авиони што доаѓаат од правец на Црното Море.

„Во Одеса се погодени станбени згради во крајбрежни квартови, според првичните информации нема жртви“, напиша војската во соопштение на Фејсбук.

Цел била пристанишната инфраструктура во регионот на Миколаев.

Регионалниот гувернер на Миколаев, Виталиј Ким изјави дека изутринава изведен е „голем напад“ врз градот, објавувајќи видео каде се гледаат бројни експлозии и црн чад.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски