Украински напад врз Белгородската област: Шест цивили се убиени, едно дете е повредено

Од:

Најмалку шест лица се убиени во напад на украинските сили врз регионот Белгород, изјави вршителот на должноста гувернер Александар Шуваев.

– Киевските терористи испукаа ракети кон селото Колосково во округот Валујски. Шест цивили беа убиени, а четворица беа повредени, вклучувајќи и едно дете, напиша Шуваев во објава на платформата Макс, објави ТАСС.

Порано овој месец, на 9 август, шест лица беа убиени и во напад на украинските сили врз градот Белгород.

Потоа во масовен напад со беспилотни летала беа повредени 15 лица и оштетени голем број згради и куќи.

Би можело да ве интересира

Русија ѝ се закани на Австрија

Украина разви модем за дронови, повеќе нема да зависи од „Старлинк“

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

Зеленски бара јасни безбедносни гаранции: Кој и како ќе реагира ако Русија повторно ја нападне Украина?

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната