Украински хакери го „хакнаа“ одговорниот за бомбардирањето во Мариупол

Од:

Украински хакери тврдат дека го откриле идентитетот на командантот на руските воздухопловни сили одговорен за бомбардирањето во Мариупол и дека ја измамиле неговата сопруга.

Имено, украинската активистичка група Cyber ​​Resistance и волонтерската организација Inform Napalm објавија дека командантот на 980-от полк на воздухопловните сили Сергеј Атрошченко на 16 март 2022 година наредил авионите да фрлат две бомби од 500 килограми врз театарот во Мариупол.

Стотици цивили беа убиени во нападот бидејќи театарот во тоа време се користел како засолниште од воздушни напади, а од надворешната страна на дворот стоел натпис „ДЕЦА“.

Хакерите најпрво ги дознале личните податоци на Атрошченко, по што еден од нивните активисти стапил во контакт со сопругата на Атрошченко, претставувајќи се како војник под негова команда и побарал од неа да организира фотосесија на сопругите и девојките на членовите на полкот за да ги поддржи мажи на бојното поле.

Фотосесијата беше намерно договорена на 16 март 2023 година, точно една година по бомбашкиот напад на театарот во Мариупол. Сопругата на Атрошченко, Лилија, им овозможила на хакерите пристап до фотографии од 12 жени кои позираат во униформите на нивните сопрузи, како и до фотографии на кои се полуголи.

Понатаму, со помош на овие фотографии, односно сопруга на војник под команда на Атрошченко, дошле до идентитетот на уште неколку руски офицери за кои се верува дека стојат зад нападот.

Хакерите рекоа дека Атрошченко лично наредил воени авиони да извршат напади врз цивили, вклучително и породилна болница во Мариупол.

Тие објавија и многу негови лични информации, вклучувајќи ги неговите приватни контакти, плата, списоци на пилоти под негова команда, проценки за успехот на фронтот и детали за мисиите што им беа доставени на украинските разузнавачки служби за анализа.

Два дена по добивањето на фотографиите од неговата сопруга, на полкот на Атрошченко му беа доделени наградите потпишани од самиот Владимир Путин, за масовно херојство, храброст и сила во борбените операции за заштита на татковината.

Inform Napalm тврди дека хакерите ги препратиле собраните податоци до Меѓународниот кривичен суд за да придонесат во истрагата за руските воени злосторства во Украина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Украинците погодија складиште за нафта во самопрогласената Луганска република

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русија жестоко ја нападна Одеса, има мртви и ранети

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Голем напад на Русија, пожар во магацин за дронови „Шахед“

Катерина Ѓуровски

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русите: Ја презедовме контролата

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор