Украински функционер ги негира обвинувањата на Русија за напад на Белгород

Од:

Највисокиот функционер за безбедност на Украина ги отфрли обвинувањата на Русија дека Украина стои зад нападот на складиштето за нафта во рускиот град Белгород.

Во говор на националната телевизија, секретарот на Советот за безбедност Олексеј Данилов ги негираше руските обвинувања.

– Поради некоја причина тврдат дека сме го направиле тоа, но според нашите информации тоа не соодветствува со фактите, рече Данилов.

Регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков претходно денеска изјави дека пожарот што избувна во складиште за нафта во рускиот град Белгород во близина на границата со Украина е предизвикан од воздушни напади што ги извршиле два украински хеликоптери, кои навлегле во рускиот воздушен простор.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вреќа со компир му го спаси животот на руски војник од украински дрон „камиказа“

Руската армија ја презеде контролата над Новобахмутовкa

Руските власти тврдат: Три лица загинаа во украинско гранатирање

Руската воздушна одбрана тврди дека соборила 17 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

Зеленски најави кога очекува голема руска офанзива

Руската православна црква нема да повика на велигденско примирје со Украина