Украински дрон погоди станбена зграда, пет лица загинаа, меѓу нив и две деца

Од:

Гувернерот на Курската област Алексеј Смирнов соопшти дека во нападот на украинско беспилотно летало врз селото Городишече ноќта меѓу петокот и саботата загинале пет лица, додека двајца се тешко повредени.

Меѓу загинатите има и две деца.

– Беспилотно летало на вооружените сили на Украина нападна станбена зграда во селото Городишече во областа Рилски. Како резултат на воздушниот напад загинаа пет лица, додека двајца членови на семејството се во болница во тешка состојба – напиша Смирнов на својот Телеграм канал .

Повредените се префрлени во регионалната болница во Рилск.

Селото Городише се наоѓа недалеку од границата со Украина.

Би можело да ве интересира

Романија: Беспилотно летало забележано во Тулчеа, активирана е авијацијата

Кислица: Украина сака мир, но не „по секоја цена“

Русите го нападнаа Киев за време на посетата на Стармер

Зеленски: Трамп може да ја натера Русија да ја запре војната оваа година

(ВИДЕО) Украина: Нападнавме важна руска фабрика за барут

Горан Наумовски

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски