Гувернерот на Курската област Роман Старовојт изјави дека во ноќниот напад на украинскиот дрон на железничката станица во Курск биле оштетени покривот, фасадата и едната платформа, а 50 патници кои биле во зградата во моментот на нападот биле евакуирани.
Од петте полесно повредени од урнатини, две одбиле лекарска помош, а три лица се испратени на преглед во болница и веќе се пуштени, соопшти Старовојт.
„Главните последици од синоќешниот напад со украинско беспилотно летало на железничката станица Курск сега се елиминирани. Пожарот е изгаснат во 3 часот и 46 минути.
Оштетени се покривот, фасадата, првата платформа“, напиша Старовојт на Телеграм. Тој додаде дека оштетувања има и во чекалната и во тунелот за пешаци и дека во најбрз можен рок ќе почне санирањето на тие оштетувања, пренесува Интерфакс.
Тој претходно објави дека украински дрон паднал на покривот на зградата на железничката станица во Курск, а потоа избувнал пожар.
Курск е град во западниот дел на Русија, на границата со Украина.