Украинската војска изгуби контрола врз клучен украински град

Од:

Украинската војска призна дека проруските сепаратисти презеле контрола врз украинскиот град Вуглегорск.

Портпаролот на украинските сили Владислав Селезњов рече дека сепаратистите, поддржани од тенкови, го нападнале градот денеска и не успеале да ги потиснат.

Губењето на контролата врз градот ќе и отежне на владата да ја задржи контролата врз Дебалцово, близок железнички центар, кој е на средина меѓи градовите Доњецк и Лугањск, контролирани од проруските сепаратисти.

Во исто време, адвокат на украинската пратеничка и пилот Надја Савченко, која објави штрајк со глад, за да протестира против апсењето во Русија, изјави дека таа е хоспитализирана. Савченко изгубила 12 килограми откако го објави штрајкот, додаде нејзиниот адвокат.

Триесет и тригодишната Савченко, која е пилот во украинската армија, е обвинета за убиство со предумисла на двајцата руски новинари во источниот дел на земјата во средината на јуни, каде таа се бореше како доброволец.

Таа беше уапсена од страна на Русија и поради тоа стана популарна во Украина, каде беше избрана за пратеник на парламентарните избори во октомври, и покрај тоа што е во притвор во Русија.

Би можело да ве интересира

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Загина познатиот украински кревач на тегови Александар Пелешенко

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица