Украинската полиција ги повика жителите на Запорожје да го напуштат градот на 48 часа

Од:

Украинската полиција ги повика жителите на Запорожје, град под контрола на украинските сили, привремено да го напуштат градот на 48 часа, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на извори во руските безбедносни структури.

– Во Запорожје, кој моментално е под контрола на вооружените сили на Украина, патролите ги повикуваат граѓаните да го напуштат градот на 48 часа доколку можат, изјави изворот на агенцијата.

Според извори во руските безбедносни структури, вакви акции редовно спроведуваат украинските сили во градовите во близина на фронтовската линија. Како што е наведено, нивната цел е да откријат дезертери и лица кои избегнуваат мобилизација, како и да ослободат станбени згради за потребите на украинската армија.

Би можело да ве интересира

Зеленски го отфрла повлекувањето од Донбас: Нема да се откажам од таа територија заради мир

Лавров: И покрај длабоките политички разлики, подобро е да се разговара со САД

Каспаров го откажа патувањето во Берлин по предупредувања за можен атентат: „Европа стана игралиште на Путин“

Кушнер: Путин е подготвен за мир под соодветни услови

Русија: Нема да се согласиме на примирје, без да знаеме што следи потоа

Русија ѝ се закани на Австрија