Украинската армија тврди дека нижи успеси, борби беснеат на југ и на исток

Од:

Украинските сили тврдат дека имаат придобивки додека ја продолжуваат својата офанзива на југот и на истокот на земјата, а голем дел од борбите се водат во близина на загрозениот источен град Бахмут, изјави воениот портпарол.

„Околу Бахмут, украинските војници извршија јуришни операции на правците Роздоливка-Краснополивка и Берхивка-Јахидна и беа успешни“, изјави Андриј Ковалов, портпарол на Генералштабот на вооружените сили на Украина.

Во последниот извештај, Генералштабот соопшти дека Русија продолжува со нападите во регионот на Доњецк врз Лиман, Бахмут, Авдивка и Маринка, при што во средата се случија најмалку 49 судири.

„Украинските бранители ги одбиле сите непријателски напади во околината на градот Маринка“, тврди Генералштабот.

Во јужниот регион на Запорожје, „борбите продолжуваат во реонот на селото Макаривка во правец на Берџанск“, рече портпаролот Ковалов.

Борбите се водат и кај селата Новоданиливка и Новопокровка, рече тој. „Ниту една позиција што ја бранеа украинските војници не е изгубена“, тврди Ковалов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск