Украинска војска: Успеваме да доставиме муниција, храна и лекови во Бахмут

Од:

Украинските сили во и околу градот Бахмут успеваат да ги држат руските сили доволно далеку за да ги снабдат бранителите на градот со муниција, храна и лекови, соопшти синоќа украинската армија.

Киев објави дека украинската армија им нанесува големи загуби на руските сили. Во борбите што се случија во петокот загинаа 193 руски војници, а 199 беа ранети, соопшти украинската армија, а пренесе Ројтерс.

Портпаролот на украинската војска Серхиј Черевати рече: „Успеваме да ја доставиме многу потребната муниција, храна, опрема и лекови до Бахмут. Исто така, успеваме да ги извлечеме нашите ранети од градот“.

Череватиј наведува дека украинските извидувачки и артилериски единици успеваат да задржат отворен дел од патиштата кон тој источен град. Во петокот, украинските сили, покрај загубите што им ги нанесоа на руските сили, уништија и два беспилотни летала и пет складишта за муниција, додаде тој.

Овие тврдења не се независно потврдени.

Би можело да ве интересира

Украинските разузнавачки агенти упаднаа во киевско-печерската лавра, митрополитот Павел во домашен притвор

Ана Ололовска

Американски генерал: Не е веројатно дека Украинците ќе победат годинава

Ана Ололовска

Шојгу: Ќе ја зголемиме понудата на муниција

Ана Ололовска

Аналитичарите предвидуваат: Украина ќе се обиде да ги преполови руските војници

Ана Ололовска

Британски разузнавачи: Рускиот зимски офанзивен проект не успеа

Ана Ололовска

Украина објави нова проценка за руските жртви

Ана Ололовска