„Украинска правда“: Полицијата го претресува домот на Андриј Јермак, шеф на кабинетот на Зеленски

Од:

Украинските антикорупциски власти утрово извршија рација во домот на Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави „Украинска правда“.

Според медиумот, 10 службеници од Националното биро за борба против корупција на Украина (НАБУ) и Специјализираното обвинителство за борба против корупција (САПО) влегле во дел од Киев каде што се наоѓаат владини згради.

Повеќе детали засега не се познати.

Украинските медиуми претходно објавија дека најблискиот круг на Володимир Зеленски го советувал да го отпушти Јермак поради неговата вмешаност во случај на корупција во енергетскиот сектор. Идејата била поддржана од многу пратеници на Радата. Наместо тоа, Зеленски го назначил за шеф на преговарачката делегација со САД и другите партнери на Киев за решавање на конфликтот.

Би можело да ве интересира

Украинците сè повеќе не му веруваат на својот претседател

Зеленски прогласи „победа“: Ја браневме слободата и знамето

Горан Наумовски

Орбан во кампањата објави отворено писмо до Зеленски: „Жал ни е за украинскиот народ, но не сакаме да учествуваме во војната“

Путин го покани Зеленски да дојде во Москва

Седум полицајци се повредени во експлозија во Украина, Зеленски тврди: Тоа е тероризам

Зеленски: САД да останат на страната на Украина