Украинска армија: Знаеме зошто Русите ја разнесоа браната, тоа е хистерична реакција

Од:

Руските сили ја разнесоа браната Нова Каховка во окупираниот дел на Херсонската област за да ја спречат украинската војска да ја премине реката Днепро, изјави денеска на брифинг со новинарите преку Интернет, портпаролката на Јужната команда на вооружените сили на Украина.

„Тоа е хистерична реакција“, рече Наталија Хумениук, пренесе Ројтерс.

„Тие беа свесни дека се подготвува воен маневар на одбранбените сили и на тој начин се обидоа да влијаат на нашите сили за да не дојде до преминувањето на реката Днепро, за што стравуваат“, додаде таа.

Украина, да потсетиме, го контролира десниот брег на реката Днепар, кон север. Руските сили, од друга страна, го окупираат левиот брег и јужниот дел на регионот Херсон.

Би можело да ве интересира

Русија не го прифаќа примирјето што го договорија САД и Украина

Катерина Ѓуровски

Русите објавија фотографии: зазедовме клучен град во областа Курс

Захарова: Ако странските сили дојдат во Украина, ќе одговориме со сите расположливи средства

ВИДЕО: Нов, голем украински напад со дронови на руска територија

Катерина Ѓуровски

Русија има цел список со услови за примирје

Русија: Не исклучуваме разговори со Американците