Украинска армија тврди: Напредуваме на југ

Од:

Украинската армија тврди дека напредува на јужниот фронт и дека „извршила и офанзивни и ефективни одбранбени операции“. Валери Шершен, портпарол на силите на југот, рече дека Русите биле принудени „да ги повлечат резервите како резултат на нападите на украинските единици“.

Тој посочи дека другите украински единици продолжиле да ги „консолидираат своите позиции, да вршат деминирање и се целосно подготвени да ја продолжат офанзивата“.

Украинските власти јасно ставија до знаење дека минимизирањето на загубите е нивен приоритет додека се обидуваат да ја разбијат сложената руска одбрана развиена во период од неколку месеци.

Шершен призна дека руските напади продолжуваат околу Маринка и Авдијивка.

„Ние возвраќаме и се држиме. Во изминатиот ден овде имаше 18 борбени операции, од кои повеќето беа на подрачјето на Маринка“, изјави тој.

Тој тврди дека загинале 74 руски војници, 85 се ранети, а 19 од нив се предале.

Би можело да ве интересира

Се сретнаа Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија нема да победи му порача Бајден на Зеленски, украинскиот претседател на средба со Трамп

Катерина Ѓуровски

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

Падна Украинск

Предраг Петровиќ

Германија нема да дозволи Украина да напаѓа на руска територија со западно оружје со долг дострел