Русија концентрираше повеќе од 100.000 војници во правец на Купјанск и Лиман на фронтот во регионите Харков и Луганск, изјави денеска Илија Џевлаш, офицер за печат на Источната група на вооружените сили на Украина.
Тој изјави дека руските сили во областа значително го зголемиле обемот на гранатирање и воздушни напади врз украинските позиции.
Тој тврди дека 45.000 војници биле ангажирани за напади кон Купјанск, а 48.000 за напади во правец на Лиман. И двата града беа окупирани од руските сили пред да бидат ослободени минатата година. Во последните месеци Русија го зголеми притисокот врз овој дел од фронтот.
Војниците во близина на Купјанск кои разговараа за Киев Индипендент потврдија дека Русија ја интензивира офанзивата во областа.
Британското разузнавање објави дека украинските контраофанзиви на југ и околу Бахмут ги ставаат руските сили таму под притисок, но дека Русите сè уште напредуваат околу Купјанск и Лиман.