Украинка сведочи по шест месеци во руско заробеништво: Не третираа како животни

Од:

Украинка која кој се врати дома минатата недела по големата размена на затвореници, ја опиша тортурата што таа и другите жени ја претрпеле во текот на шест месеци во руско заробеништво.

Идентификувана само како Хана О. за да го заштити своето семејство, кое се наоѓа на територијата окупирана од Русија, таа за украинската државна новинска агенција Укринформ раскажа за нејзините искуства со солзи во очите.

Не третираа како животни… Дури и животните не се однесуваат така“, вели 26-годишната девојка, пишува Business Insider.

Хана беше една од 108-те жени, вклучително и 12 цивили, ослободени од руско заробеништво во понеделникот во една од најголемите размени во војната.

Андриј Јермак, шеф на канцеларијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, рече дека тоа е прва размена на заробени жени од почетокот на војната во февруари.

Хана била заробена додека служела во Мариупол како дел од 36-та морска бригада на Украина, објави Укринформ. Таа беше меѓу украинските војници кои се предадоа во мај, откако со недели беа заробени во фабриката за челик Азовстал во Мариупол, додека руските сили ја опколија и бомбардираа. Следните шест месеци ги поминала во заробеништво.

„Ги тепаа девојките, нè мачеа со струја. Тоа е најлесно… Обесија некои девојки. Не сакам ни да зборувам за храната бидејќи беше кисела, дури ни на кучињата не им даваат таква храна Сакаа да им ги отсечат рацете и тетоважите на жените кои имаа тетоважи, да ги попарат со врела вода… Ме мачеа затоа што сум војник, затоа што постојам и зборувам украински. Сонот да се вратам дома беше единственото нешто што ме одржа во живот“, изјави 26-годишната девојка за Укринформ.

Приказната на Хана следи сè поголем број на извештаи од прва рака за тортурата на цивили и воен персонал во руско заробеништво. Според Женевските конвенции, тортурата се смета за воено злосторство. Повеќе приказни се појавија откако Украина напредуваше на териториите под контрола на Русија.

Инспекторите ангажирани од Обединетите нации во септември заклучија дека руските сили извршиле серија воени злосторства, вклучувајќи тортура и силување, врз војници, цивили, па дури и деца. Тие пронајдоа и докази за присилни депортации, што исто така може да биде воено злосторство.

Станува збор за информации дека руските сили против нивна волја ги однеле украинските деца во Русија за да ги воспитаат како Руси.

Би можело да ве интересира

Макрон: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев не повика, Франција ќе размисли за испраќање војници

Предраг Петровиќ

Русите објавија дека ослободиле уште едно село

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски