Украинка копала тунел за да си го ослободи синот од затвор

Од:

Во Украина, една 51-годишна жена се обидела да ископа подземен тунел, со цел да го ослободи синот кој е во затвор. Сега и самата таа се соочува со затворска казна.

Жената, чиешто име не се открива, изнајмила куќа во близина на затворот во Запорожје на југот на Украина, каде што нејзиниот син издржува казна доживотен затвор. За копање на тунелот таа користела лопата и копач. Копала само ноќе за да не привлече внимание, а до затворот доаѓала возејќи електричен скутер.

До мигот кога била уапсена, жената ископала околу три тони земја, според украинските медиуми.

Би можело да ве интересира

Велика Британија е против едномесечен прекин на огнот во Украина

„Њујорк Тајмс“: Трамп денеска ќе донесе одлука за прекин на воената помош за Киев

Макрон: Франција и Велика Британија предлагаат еднонеделен прекин на огнот во Украина

Орбан: Европа одлучи дека војната мора да продолжи

Стармер најави план од четири точки за да и помогне на Украина

Украинската амбасадорка за време на пресметката меѓу Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ