Украинец обвинет за тероризам во Велика Британија

Од:

25 годишниот украински студент Павло Лопшин е обвинет во Велика Британија за убиство, што се третира како терористички акт.

Украинецот денеска првпат се појави на сослушување пред судот во Лондон, под обвинение за бруталното убиство на еден стар муслиман во Бирмингем.

Лопшин, кој потекнува од Дњепропетровск, е обвинет дека на 29 април оваа година со нож го убил 82-годишниот британски муслиман Мохамед Салем, додека се враќал од молитва од една џамија во Бирмингем.

Покрај ова злосторство, на украинскиот студент му се припишува уште едно кривично дело, што Обвинителството го квалификува како акт на тероризам.

Според јавното обвинителство, Лопшин во периодот меѓу крајот на април и средината на јули годинава, набавувал батерии, мали контејнери и стари часовници за изработка на експлозивни направи во домашни услови.

Во овој период тој посетувал локации во Бирмингем и во реонот на англискиот Западен Мидлендс, за да најде цели каде би извршил бомбашки напади.

Во текот на истрагата, полицијата открила дека од својот компјутер, Павло Лопшин, на интернет трагал по хемиски сусптанци, опрема и стари мобилни телефони, што би му послужиле за изработка на бомби за планираните напади.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство