Украинците тврдат: „Соборивме моќен руски Су-30 над Црното Море“

Од:

Украинската армија извести дека наводно соборила моќен руски борбен авион Су-30М за време на операција во Црното Море, соопшти денеска украинската воена разузнавачка агенција ХУР. Објавена е и снимката од авионската несреќа. Според се уште непотврдени информации, тоа е изведено со рачен фрлач на противвоздушна ракета.

Станува збор за еден од помодерните руски борбени авиони чија цена е околу 50 милиони американски долари. Авионот кој се урна во морето припаѓал на 43-от посебен полк на поморската авијација на руските вооружени сили.

Русите изгубиле контакт со леталото вчера околу пет часот наутро. Околу три часа подоцна, тие започнаа операција за пребарување и спасување во која учествуваше авион Ан-26, како и хеликоптери Ми-8 и Ка-27, објавија украинските извори.

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина