Украинците сметаат дека Земан е продолжена рака на Русија, тврдат украински новинари

Од:

Украинците не разбираат, зошто чешкиот претседател Милош Земан дава изјави против Украина и сметаат дека, тој е продолжена рака на Русија во Европа.

Ова за чешките медиуми го изјавија украинските новинари Виталиј Сизов и Максим Шчербин, кои привремено се наоѓаат во Чешка.

– За Украинците, позицијата на Чешка е многу важна, бидејќи чешката нација го изоде истиот пат, со кој ние се соочуваме денес, веќе во 90-тите години, иако во споредба со Украина со многу помала жртва, целосно без крв, изјави Сизов.

Чешкиот претседател, борбите на украинските владини сили и проруските сепаратисти, кои, според Киев и Западот се поддржани од Москва ги смета за граѓанска војна.

Пред неколку дена, Земан изрази несогласување со влез на Украина во НАТО. Претходно, тој изрази сомневање за присуството на руски трупи на украинска територија и изрази несогласување со преземање на анти-руски санкции против вклучувањето на Русија во украинската криза.

Заради овие негови ставови, Киев го повика на разговор чешкиот амбасадор во Украина.

– Имаме чувство, дека Земан е искористен од руската пропаганда, за да покаже дека Европа не е единствена во својот став за Украина и дека дури постои и конфликт по ова прашање, додаде Сизов.

Според Шчербин, можеби на ставовите на Земан им се дава поголема важност заради тоа што во Украина се смета дека претседателот всушност го изразува ставот на државата.

Во врска со одредени изразени ставови, како и за оној за украинската ситуација, Земан пред извесно време од неколку илјади Чеси кои излегоа на протести, симболично доби црвен картон за своето однесување, јави дописникот на МИА од Прага.

Би можело да ве интересира

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Русија: Околу 112.000 луѓе евакуирани од украинскиот упад во областа Курск

(ВИДЕО) ХУР: Уништен е стратешки руски воен авион