Украинците ослободија стратешки важно место: „Се отвора патот кон Крим“

Од:

Неодамнешните успеси на украинските сили на јужниот фронт би можеле да го отворат патот за Русите да бидат потиснати назад во анектираниот полуостров Крим, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба. Тој рече дека ова стана можно откако украинската армија го ослободи „стратешки важното“ село Роботин во регионот Запорожје.

Руската војска соопшти дека нејзините сили се уште се држат во селото. Украина, да потсетиме, во големата летна контраофанзива, се обидува да го пресече копнениот коридор кон Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година.

Со ова Киев би ја преполовил територијата окупирана од Русија во јужна Украина и со тоа значително ќе ги искомплицира линиите за снабдување на руските сили. Последните тврдења и од Украина и од Русија не се независно потврдени.

Говорејќи на неодамнешниот состанок на амбасадорите во Париз, Кулеба рече: „По консолидирањето на нашите позиции на крилата на селото Роботин, го отвораме патот кон Токмак и, на крајот, кон Мелитопол и административната граница со Крим“.

Стратешки важните градови Токмак и Мелитопол се под руска окупација и се клучни воени и логистички центри за Русија. Кулеба нагласи дека украинската контраофанзива – започната на почетокот на јуни – продолжува, но призна дека тоа е „исклучително тешка“ задача.

„Бројот на мински полиња и утврдувања е без преседан. Во воздухот доминираат руски дронови, хеликоптери и авиони. Но, постепено успеваме“, рече тој.

Тој опиша како една група од 31 украински борец „буквално ползела по нивните стомаци низ мински полиња“, што на крајот и дозволи на бригадата да го врати Роботин.

Во вчерашниот извештај за состојбата на бојното поле, украинската армија објави дека нејзините сили „имале успех“ во правец јужно и југоисточно од Роботин. Од друга страна, руската армија тврди дека нејзините војници „одбиле девет напади“ на украинските сили во областа Роботин, како и околу селото Вербова на југоисток.

Москва – која тврди дека подготвила три одбранбени линии на југ – постојано ја опиша украинската контраофанзива како целосен неуспех, кој ги чинеше животите на многу војници и постигна мал напредок.

Би можело да ве интересира

Шведска вежба технологија за напад со рој дронови

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски