Украинците го преминаа Днепар, Русите тврдат дека им подготвуваат „пекол“

Од:

Украинските сили воспоставија упориште на левиот (источен) брег на реката Днепар, тврди Андриј Јермак, началникот на кабинетот на украинскиот претседател.

Русија призна дека Украинците успеале да постават позиции во село на левиот брег, но додадоа дека групата наскоро ќе биде уништена.

Доколку Украина успее да ја задржи својата позиција на таа страна од брегот, тоа ќе биде значителен напредок, наведува британски Би-Би-Си.

Русија се повлече од десниот брег на реката пред една година и оттогаш украинската армија се обидува да го помине Днепар и да изгради мост кон Крим.

„Вооружените сили на Украина зазедоа упориште на левиот брег на Днепар“, изјави Јермак за Институтот за проучување на војната.

Претходно беше објавено дека е постигнат мал напредок во селото Кринки, на два километри од реката и 30 километри од Херсон.

Русите денеска признаа дека „мали групи“ украински сили поставиле позиции во селото на левиот брег.

– Руската армија создаде „пекол“ за вооружените сили на Украина во реонот на селото Кринки, а украинската армија загуби сто луѓе за два-три дена, објави гувернерот на Херсонската област Владимир Саљдо.

Според него, руската армија префрлила дополнителни сили во областа.

„Непријателот е блокиран во Кринке, им е подготвен пеколот: ги погодуваат бомби, ракети, проектили од повеќецевни ракетни системи, артилериска муниција, беспилотни летала… Само во последните два-три дена загубите од непријателот се околу стотина милитанти“, се наведува во соопштението.

Тој додава дека групи украински борци, кои брои до 13 лица, речиси секој ден и се предаваат на руската армија.

Украинците неколку пати со мали чамци успеаја да ја преминат Днепар, најдолгата река во Украина. Сепак, на Киев му недостасува воздушна поддршка, што ги отежнува операциите во регионот Херсон. По создавањето упориште, следниот чекор треба да биде пренесување на оклопни возила и системи за противвоздушна одбрана преку реката.

Украинските власти претходно потврдија за „Гардијан“ дека групи од неколку десетици до неколку стотици војници држат упориште на левата страна на реката. Тие признаа дека се соочуваат со тешки напади од руска артилерија и беспилотни летала.

„Волстрит журнал“ пишува дека украинските маринци ги зајакнуваат позициите во три села на источниот брег на реката и дека го отсекувале патот што го користеле Русите за снабдување на војниците во областа.

Би можело да ве интересира

Русија: Украинците подготвуваат напад на мостот на Крим, Западот им помага, а одмаздата ќе биде погубна

А1он

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва

(ВИДЕО) Вреќа со компир му го спаси животот на руски војник од украински дрон „камиказа“