Украина во фокусот на министерскиот состанок на ЕУ

Од:

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија во главниот град на Летонија, Рига, втор ден разговараат за војната во источна Украина.

Состанокот на министрите од 28 земји-членки доаѓа во период на зголемена тензија меѓу Европската унија и Русија за поддршката на Москва за сепаратистите во Украина, објави Радио Слободна Европа. Спроведувањето на прекинот на огнот договорен во Минск е високо на агедната на состанокот во Рига.

Русија и Германија вчера побараа од ОБСЕ, која е задолжена за мониторинг на прекинот на огнот во источниот дел на Украина, двојно да го зголеми бројот на своите набљудувачи на 1.000, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се наведува дека министрите за надворешни работи на Русија и на Германија, Сергеј Лавров и Франк-Валтер Штајнмаер се заложиле за интензивирање на напорите на ОБСЕ за надгледување на слабиот мир.

Мисијата на ОБСЕ моментно брои само 450 луѓе. Организацијата треба наскоро да одлучи дали ќе го обнови својот мандат, кој истекува на 23 март и дали бројот на набљудувачи на терен треба да се зголеми.

Би можело да ве интересира

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва

(ВИДЕО) Вреќа со компир му го спаси животот на руски војник од украински дрон „камиказа“

Руската армија ја презеде контролата над Новобахмутовкa