Украина тврди дека соборила руски хелкоптер, Русите велат сам паднал

Од:

Руски воен хеликоптер Ка-27 е соборен на окупираниот Крим, соопшти портпаролот на украинската морнарица Дмитро Плетенчук. „Рускиот Ка-27 беше соборен на Крим, бараше нешто и го најде“, напиша Плетенчук на Фејсбук.

Плетенчук не објави дополнителни информации за соборувањето на хеликоптерот. Ка-27 е поморски повеќенаменски хеликоптер од советската ера. Распореден е на бродови од различни класи. Може да детектира модерни подморници и површински цели, да пренесува информации за нив на бродски и крајбрежни станици и да ги нападне.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека всушност се работи за хеликоптер Ми-24 кој сам се урна. „На 10 април 2024 година, околу 06:00 часот по московско време, хеликоптерот Ми-24 се урна додека вршеше редовен лет над Црното Море во близина на западниот брег на Република Крим“, се вели во соопштението.

„Прелиминарната причина за несреќата е дефект на леталото. Службата за пребарување и спасување работи на местото на несреќата“, се додава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина