Украина се подготви за лансирање на гасоводот „Северен поток-2“, против кој водеше „војна“ заедно со САД, Шведска, Полска, Литванија, Летонија и Естонија.
Во интервју за „Украинска Недела“, извршниот директор на Нафтогас, Андреј Коболев увери дека благодарение на подземните складишта и интеграцијата на земјата во европскиот систем за пренос на гас, Киев ќе го одржи балансот на енергетските ресурси и можноста да ги добие по фер цена.
Коболев призна дека поради лансирањето на Северен поток 2, Украина ризикува да изгуби приходи од транзит и „безбедносна компонента“, но увери дека земјата нема да остане без „сино гориво“.