Украина: Се обидуваме да го вратиме снабдувањето со електрична енергија во Чернобил

Од:

Украинскиот министер за енергија Херман Халушенко рече дека земјата прави „се што е можно“ за да го врати снабдувањето со електрична енергија во Чернобил „што е можно поскоро“.

.Изјавите на Халушенко се објавени на веб-страницата на украинското Министерство за енергетика. Министерот истакна дека е потребна електрична енергија за одржување на механизмите за ладење во складиштето на потрошеното нуклеарно гориво, пренесува Си-Ен-Ен.

Халушенко објасни дека има неколку далноводи за електраната, а последниот е „уништен како резултат на гранатирање цивили“ вчера. Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека добила известување од Украина дека Чернобил останал без струја, но дека не гледа дека е загрозена безбедноста на електраната.

– Поради (безбедноста) на Украина или Европа и за доброто на целиот свет, (руската) војска мора да ги напушти нуклеарните капацитети, рече Халушенко.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина