Украина денеска ја обвини Русија дека трупа војници и воена опрема долж заедничката граница, пренесува ДПА.
Околу 60 оклопни возила, вклучително 50 тенкови Т-64, се пренесени со воз во близина на границата во јужноруската Ростовска област, соопшти во Киев украинскиот Совет за безбедност и одбрана.
Воената опрема нема национални ознаки, изјави портпаролот на советот Андриј Лисенко.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг претходно изјави дека руска војска повторно се придвижува кон границата со Украина. Русија ги отфрли ваквите тврдења.